Магдебург нема да ја брани титулата, Алборг се пласираше во финалето

Актуелниот шампион на Европа, германскиот Магдебург нема да може да ја брани титулата откако загуби во полуфиналето на Ф4 турнирот во Келн од данскиот тим Алборг со 26:28. Натпревар кој донесе многу возбудувања, пред се поради тоа што ниту една од екипите не дозволи противникот да направи голема предност, и во првото и во второто полувреме се играше гол за гол, а изедначено беше и на крајот на првиот дел кога на одмор двете екипи заминаа со резултат 11:11.

Изедначено беше се до самиот финиш кога Алборг успеа да направи предност од 2 гола разлика за прв пат на мечот (25:27), а оваа предност им донесе и победа од 26:28 на крајот со голот на Бартхолд кој значеше пласман на Алборг во утрешното финале.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО