Димовски: Со добра организација и дисциплина посакуваме добар резултат против Чешка

Македонскиот репрезентативец Бојан Димоски заедмо со останатите репрезентативци го очекуваат пријателскиот натпревар на Македонија против Чешка, кој ќе се одигра на десетти јуни. Нашата репрезентација треба д аго пошрави впечатокот по поразот од Хрватска, а така размислува и Димовски.

„Мора да ја поправиме тактичката дисциплина и мора да одиграме квалитетно против силна репрезентација која се натпреварува на Европското првенство. За нас ова е последен контролен меч пред Лигата на нации и сакаме со максимално фокусиран пристап да извлечеме позитивен резултат.

Знаеме дека Чешка е квалитетна селекција, но ние покажавме дека можеме да играме со најдобрите во Европа, а тука мислам на Англија и Италија. Се надевам дека ќе успееме да се претставиме во добро светло и потоа ќе ги насочиме мислите на септемвриските предизвици“, изјави Димоски.

Македонија беше поразена од Хрватска на гостувањето во Ријека со 3:0, а сега гостува кај Чешка во Храдец Кралове, каде в понеделник на 10.јуни од 18 часот ќе играат против уште еден учесник на ЕП во Германија.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО