Луксуз е кога ќе ги одбиеш Баерн и Ливерпул во една недела, а целта по Леверкузен е сосема трет клуб!

Чаби Алонсо реши да остане во Леверкузен и следната сезона, во која скоро сигурно ќе влезат како нови шампиони во Бундеслигата.

Шпанскиот стратег има фантастична сезона со Баер Леверкузен и се на добар пат, на чекор од освојување на титулата во домашното првенство, а што се однесува до понудите, Алонсо изминатиот период имаше мноштво на понуди.

За него во ред застанаа од Ливерпул и Баерн Минхен, но неговиот одговор беше недвосмислен, дека останува уште една сезона во Баер Леверкузен. Но тој стави носи и еден друг, веројатен заклучок.

Зошто Чаби Алонсо одби две големи екипи ова лето? Бидејки постои верување дека сака да биде тренер и се гледа како тренер на „кралевите“ во иднина, па летото 2025 година можно е такво сценарио да се оствари.

На Чаби дефинитивно не му се брза, бидејки е во зачеток на својата тренерска кариера и го има цело свое време да размисли кој би бил неговиот чекор.

Многумина веруваат дека да се има таков луксуз, да се одбијат Баерн Минхен и Ливерпул во една недела, има своја позадина и дека тоа наскоро ќе се открие дека е Реал Мадрид, клубот во кој очигледно Чаби Алонсо се гледа во иднина.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО