Луис Енрике: Јас подобро ги претставувам вредностите на Барса од Чави!

Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике пред вечерашниот меч во Лигата на шампиони (ЛШ), изјави дека тој ги претставува вредностите на поранешниот клуб, Барселона подобро отколку сегашниот тренер, Чави.

Луис Енрике се закити со тројната круна со Барселона во 2015 година во текот на трите сезони, а Чави освои повеќе од 20 големи трофеи како играч, а лани и Ла лига во првата  сезона како тренер.

– Јас ја претставувам Барса многу подобро, иако другите можеби имаат различни мислења. Само погледнете ја целата статистика и освоените трофеи, рече Енрике.

Луис Енрике (53) последните осум години од играчката кариера ги мина во Барселона, пред да стане тренер меѓу 2014 и 2017 година во која настапуваше Чави.

– Морам да кажам дека Чави воопшто не го познавам како тренер, само како соиграч и како играч, бидејќи работев со него. Ја познавам Барса многу добро и ги познавам нивните играчи, но не знам дали тоа е предност или не. Емоционално ова ми значи многу поради моите искуства таму, вели Енрике.

Чави одигра повеќе од 500 натпревари за каталонскиот клуб и се врати како тренер во ноември 2021 година, но најави заминување на крајот од сезоната. Петкратниот европски шампион, Барселона во оваа фаза од ЛШ игра за прв пат по четири години.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО