Луис Енрике го најави заминувањето на Мбапе!

Килијан Мбапе доживеа уште едно понижување од тренерот на ПСЖ, Луис Енрике. Откако беше изнесен од теренот во 65. минута на мечот со Рен кога противникот водеше со 1:0, Мбапе вчера беше заменет на полувремето.

По натпреварот Луис Енрике ја објасни одлуката да ја замени првата ѕвезда на тимот:

– Порано или подоцна ќе останеме без Мбапе и затоа ги барам најдобрите опции за тимот. Мора да се навикнеме на ова. Одлуката да го извадам беше моја и не сакам воопшто да разговарам за тоа, се зборовите на шпански стручњак.

Француските медиуми носат дополнителни детали од соблекувалната. Тие се јасен доказ дека ПСЖ преку тренерот му оддава почит на еден од најдобрите светски фудбалери кој реши да го напушти клубот.

– На полувремето Луис Енрике само рече: “Коло Муани наместо Мбапе”. Тој не објасни ништо. Чудно е затоа што од почетокот Енрике и Мбапе имаа врска заснована на почит, доверба и разговор. Сепак, во последно време нивниот разговор беше сведена на неколку зборови, тврди Le Parisien.

Се чини дека Луис Енрике доби задача да ја испровоцира првата ѕвезда на тимот. Сепак, Мбапе засега мирно и со насмевка ги прифаќа одлуките, како да е свесен за се што се случува.

Еден од најдобрите напаѓачи во светот и оваа сезона е фантастичен. На 33 одиграни натпревари постигна 32 гола и имаше седум асистенции.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО