ЛШ, осминафинале: Наполи – Барселона, Порто – Арсенал

Во Лигата на шамиони (ЛШ) вечерва (21 часот) ќе се одиграат уште два осминафинални натпревара, Наполи – Барселона и Порто – Арсенал.

На стадионот „Диего Марадона“ во Неапол, ќе се сретнат два тима за кои своевремено настапуваше аргентинскиот и светски фудбалски великан.

Наполи и Барслона се сретнаа во два нокаут натпревара, во осминафиналето на ЛШ во 2019/20 и во нокаут плеј-оф рундата во Лига Европа (ЛЕ) во 2021/22-та. Барселона беше подобра во двата дуела.

Двата тима имаат комплицирани сезони. Наполитанците го добија и третиот тренер сезонава. Валтер Мацари го замени Руди Гарсија во ноември, но и тој си замина во понеделникот. Него пак го замени селекторот на Словачка, Франческо Калцона.

Во Барселона, Чави Ернандез минатиот месец објави дека ќе го напушти „Камп Ноу“ на крајот од сезоната во која формата не неговиот тим е далеку од ланската, шампионска.

На Порто и на Арсенал им се даваат подеднакви шанси за пласма меѓу осумте најдобри. Португалците се мачат во домашната лига сезонава, но се импресивни во ЛШ, победувајќи на четири од шесте натпревари во групата.

Арсенал последен пат се пласираше во четвртфиналето на ЛШ во сезоната 2009/10, победувајќи го токму Порто со вкупни 6:2.

Во редовите на двата тима се и најдобрите асистенти сезонава во ЛШ, Галено од Порто и Букајо Сака од Арсенал, по четири. Галено има дадено и четири гола, а Сака три.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО