Лоши вести во соседството: Докторот кој го оперираше Ѓоковиќ со јасна порака

Новак Ѓоковиќ ќе мора да го пропушти Вимблдон поради повреда на коленото, барем така тврди докторот Антоан Жеромет, кој го оперираше најтрофејниот во овој спорт.

Според неговите зборови, мали, скоро минимални се шансите тој да се опорави за три недели и го игра Вимблдон годинава.

Инаку, Новак Ѓоковиќ се уште официјално нема потврдено за отсуство од Вимблдон, но се очекува тоа да го направи во деновите кои доаѓаат.

– Новак Ѓоковиќ тешко ќе биде 100% подготвен за три недели, порача докторот Жеромет за Лекип.

Како за потсетување, Новак Ѓоковиќ го оперираше менискусот, а тоа често го повредуваше и е честа повреда кај спортистите. Тежината на повредата и болките на истата се различни кај спортистите, но очигледно е дека ќе мине доста време кога Ѓоковиќ ќе биде повторно оној стариот.

А тука се уште и Олимписките игри, кои се главна цел на Новак Ѓоковиќ, а тој е фокусиран за таму да биде со 100% од можностите.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО