Карлитос откри што ќе истетовира по 3. титула на гренд слемовите

Со победата над Александар Зверев, шпанскиот тенисер Карлос Алкараз дојде до својата трета гренд слем титула, што е само најава за една успешна кариера.

Првата ја освои на УС ОПЕН 2022 година, втората беше на Вимблдон минатата година, а сега на ред дојде и триумф на Ролан Гарос. За првите две титули Шпанецот се частеше со тетоважи на телото, а веројатно и за Ролан Гарос ќе направи.

– Морам да најдам време, но сигурно ќе направам. За Ролан Гарос ќе ја истетовиран Ајфеловата кула и датумот на победата. Не знам дали во следните недели или за месец два, но ќе ја направам сигурно, порача Алкараз.

Го прашаа дали ќе му замерат дома за тетоважите кои ги прави, а тој одговори;

– Мислам дека моите на мене се горди, на сето ова што го остварив. Работев напорно со цел да дојдам до вакви трофеи, гледав на ТВ како освојуваат другите титули, сонував за тоа. Ова е добро и за моето семејство и за меен. Ако продолжувам да освојувам трофеи, нема да и сметаат тетоважи на мајка ми, порача 21 годишниот тенисер.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО