Ливерпул заостанува во трката за титулата – Палас изненаден на „Енфилд“

Фудбалерите на Ливерпул се поразени од Кристал Палас на домашен терен со 1:0, во 33. коло од Премиер лигата.

Ливерпул е третопласиран со 71 бод, исто и Арсенал со натпревар помалку, а Сити е на прво место со два бода повеќе.

Кристал Палас успеа да ги издржи сите напади на „Енфилд“ и да забележи многу голема победа во борбата за опстанок. Се наоѓа на 14. позиција со 33 бодови.

Стрелец на победничкиот гол беше Ебреци Езе во 14. минута.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО