Ливерпул ќе ја продолжи соработката со Шмадке и по јуни!

Според извештаите од Германија, Ливерпул ги разгледува опциите за продолжување на соработката со Јорг Шмадке како спортски директор.

Германскиот новинар Кристијан Фалк, објави дека менаџерот на „црвените“, Јирген Клоп „му верува“ на Шмадке и оти Ливерпул би можел да почне нови преговори со него.

– Што се однесува до Ливерпул, Шмадке е експерт за трансфери и е пријател на Клоп. Шмадке пак има договор до лето, до крајот на јуни, односно пред следниот преоден рок. Затоа, според моите информации, тие би можеле да седнат во февруари или во март да разговараат за продолжување на соработката, вели Фалк.

Сегашниот договор меѓу Шмадке и Ливерпул е на една година. Лани беше објавено дека Ливерпул сака краткорочен договор за да може во меѓувреме да побара и да ангажира постојан спортски директор.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО