Последната фотографија на Бекенбауер во јавноста

Легендата на германскиот фудбал Франц Бекенбауер, почина во 79. година од животот.

Бекенбауер не боледуваше и умре од природна смрт во сон, а во јавноста не се појавуваше од јануари минатата година, кога беше забележана и неговата последна фотографија со семејството.

– Добро се чувствувам со оглед на годините во кои се наоѓам. Доколку остане така, ќе бидам среќен, рече тогаш Бекенбауер за германските медиуми.

Смртта на неговиот син Стефан во 2015 година и гласините за извесна корупција околу СП 2006 година во Германија, очигледно влијаеа на него. Од тогаш и неговото здравје се влоши. Инфаркт на окото, операција на срцето, плус Алцхајмерова болест со придружба на деменција.

Инаку, неговата последна посета на еден стадион беше во август 2022 година, кога го гледаше натпреварот Хофенхајм – Аугсбург.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО