Ливерпул го победи Фулам

Фудбалерите на Ливерпул се изедначија со Арсенал на челната позиција на табелата, откако во 32.коло, во Лондон, го победија Фулам со 3:1. Арсенал и Ливерпул имаат бод и натпревар повеќе од Манчестер Сити.

Ливерпул на „Крејвен Котиџ“ до предност дојде во 32.минута кога од слободен удар погоди Александер-Арнолд. Сепак на полувреме беше 1:1, во втората минута од судиското надополнување на времето изедначи Кастањ.

„Црвените“ решија се во вториот дел од мечот со уште два гола. Најпрвин во 53. минута Гравенбарх одлично ја искористи асистенцијата на Елиот, а потоа златната резерва на Клоп, Жота го постигна десеттиот сезонски гол и ги постави конечните 3:1.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО