Јунајтед испушти предност од 3:0, па на пенали го елиминира Ковентри

Фудбалерите на Манчестер јунајтед (не) заслужено се пласираа во финалето на ФА купот. Во второто полуфинале, Јунајтед на пенали го победи Ковентри (осмопласиран во Чемпионшип) со 4:3. Во регуларниот дел од натпреварот Јунајтед испушти предност од 3:0, а во 120.минута милиметарски офсајд го спаси од елиминација.

Избраниците на Ерик Тен Хаг доминираа во играта во првото полувреме и благодарение на тоа заминаа на пауза со два гола предност.

Скот Мектоминеј им донесе предност на „ѓаволите“ со гол во 23. минута, а вофинишот на првото полувреме вториот гол го постигна Хари Мегваер по корнерот на Бруно Фернандес.

Во 58. минута капитенот на Јунајтед сам ја затресе мрежата за 3:0.

Дефицитот на Ковентри го намали поранешниот играч на Евертон, Елис Симс во 71. минута. О’Хара го постигна вториот гол за тимот на Марк Робинс осум минути подоцна.

Ковентри можеше да израмни, но Онана тоа го спречи тоа со неверојатна одбрана. Во судиското надополнување, беше досуден пенал за Ковентри откако топката го погоди Ван Бисака во таката. Пеналот го реализираше американскиот напаѓач Хаџи Рајт.

Бруно Фернандеш за малку ќе донесе ново водство на клубот со најмногу трофеи во историјата на ова натпреварување, но неговиот проектил ја погоди стативата, во првото продолжение.

Стрелецот на израмнувачкиот гол Рајт имаше шанса во 112. минута, но неговиот удар заврши крај голот, потоа Симс ја погоди гредата.

Во 120.минута Троп постигна гол, кој подоцна ВАР го поништи поради милиетарски офсајд.

Во пенал серијата Колинс го одбрани првиот пенал, шутираше Касемиро, а потоа во четвртата серија Онана го одбрани ударот на О’Хара, а во петтата ударот на Шиф заврши над холот.

Финалето е закажано за 25 мај, а Јунајтед ќе се сретне со Манчестер Сити.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО