Линдберг, легендата на Данска: Да сакав да трчам, ќе се занимавав со атлетика, не со ракомет

Настапот на Данска на ЕП може да се опише како повеќе од одличен.. Нивната доминација и начинот на кој ги победуваат ривалите ретко се гледа во светот на ракометот.

Поради тоа се чини дека во соблекувалната на светските шампиони се’ е идилично. Но не е така. Најискусниот и најстариот, не само на данската репрезентација, туку и на целото ЕП, 43-годишниот Ханс Линдберг, пред мечот со Норвешка јавно го изрази своето незадоволство од минутажата на шампионатот.

Најдобриот стрелец во историјата на Бундес лигата и еден од најдобрите десни крила во ракометната историја, е бесен бидејќи верува дека е „жртва“ на тактиката на селекторот Николај Јакобсен.

Јакобсен му дава предност на Никлас Киркелоке (29) на десното крило бидејќи играчот на Ловен може да игра подеднакво успешно во нападот и во одбраната, за да го ослободи што е можно повеќе Матијас Гидсел од дефанзивните задачи.

Таквата тактика досега се покажа како успешна, но Линдберг, кој постигна пет гола против Норвешка, но сите пет од седмерец, не е задоволен.

– Така играме во моментов. Но, мислам дека е штета што е така. Јасно е, играта е многу поубава, позабавна кога сум на теренот и кога имаме повеќе шанси за гол. Ова е ракомет, а не „трчање“. Кога би сакал да трчам, би се занимавал со атлетика, изјави Данецот, пренесува порталот „Балкан хандбал“.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО