Левандовски одбил 100 милиони евра за да остане во Барселона!

Роберт Левандовски, кој пред неколку дена обезбеди учество на Европското првенство (ЕП) летово со селекцијата на Полска, нема намера да ја напушти Барселона. Неговите планови се целосно поврзани со престојот на „Камп Ноу“ и во следната сезона, информира „Мундо Депортиво“.

Полјакот имаше неколку лоши недели сезонава и во еден момент неговото место во стартниот тим на Чави беше сериозно доведено во прашање. Постепено, сепак, тој ја врати добрата форма и од неодамна повторно е меѓу најдобрите играчи на Каталонците.

Неодамна „Мундо Депортиво“ информираше дека Левандовски имал сериозна понуда од над 100 милиони евра по сезона од Саудиска Арабија! Ситуацијата околу него ја следат уште неколку екипи од Европа, меѓу кои и Атлетико Мадрид.

Сепак, тој не покажал поголемо интересирање бидејќи сака да остане во Барса најмалку уште една година. Тој има договор до летото 2026 година.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО