Газдите на Ф1 го купуваат Мото ГП!

Либерти Медија, која е сопственик на Формула 1 (Ф1), ќе ја купи Дорна спортс, која ги поседува правата на Мото ГП и на Светскиот шампионат во супербајк, пишува „Фајненшл тајмс“, повикувајќи се на анонимни извори.

Пред неколку недели се појавија гласини дека е постигнат договор меѓу Либерти Медија и Дорна. Според тие извори, објавувањето на зделката било планирано да биде пред почетокот на новата сезона во Мото ГП во Катар, која почна на 10 март.

Но, се верува дека двете страни одлучиле да го одложат објавувањето на зделката во јавноста поради загриженоста за антимонополските закони во Европа.

Следниот можен датум за објавување на договорот е 14 април, кога ќе се одржи МотоГП трката во Остин, Тексас, во САД.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО