Лестер Сити дефинитивно ја загуби правната битка против одземањето на шест бода поради прекршување на финансиските правила во англискиот фудбал.
Независната комисија ја потврди првичната казна, што значи дека некогашниот шампион на Англија сега се наоѓа во исклучително тешка ситуација и стравува од ново, уште поболно испаѓање.
Казната првично беше изречена во февруари, откако клубот беше прогласен за виновен за пречекорување на дозволените финансиски загуби.
Според правилата на Премиер лигата и Чемпионшип, екипата на Лестер го надминала лимитот за речиси 21 милион фунти во пресметковниот период.
Раководството на клубот се надеваше дека казната ќе биде барем делумно намалена, но комисијата за жалби целосно го отфрли нивното барање, како и паралелното барање на лигата за уште построга санкција.