Наполи веќе бара замена за Конте доколку стане нов селектор на Италија

Во италијанските медиуми кружи името на Антонио Конте кој моментно е тренер на Наполи чиј дрес го носи македонскиот репрезентативец Елиф Елмас дека ќе биде следниот селектор на фудбалската репрезентација на Италија.

Николо Скира на социјалните мрежи објави дека раководството на Наполи е информирано за желбата на главниот тренер Антонио Конте да ја преземе функцијата селектор на италијанската репрезентација и веќе наоѓа можни замени доколку тој си замине од Неапол.

Конечната одлука ќе биде донесена само ако Конте навистина го напушти Неапол за да ја преземе италијанската репрезентација.

Конте стана тренер на Наполи во 2024 година.

Со клубот досега забележа 51 победа, 17 нерешени и 16 порази. Минатата сезона, Конте го предводеше Наполи до титулата во Серија А и до италијанскиот Суперкуп.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО