Панатинаикос вечерва оствари уверива победа на гостувањето во Белград кај Црвена Звезда во 30. коло од Евролигата.
За овој триумф од (89:76), најзаслужен беше поранешниот ас на Партизан, Матијас Лесор, кој имаше посебен мотив да игра против „црвено-белите“.
Лесор имаше скор од 19 поени, 6 скокови, 4 асистенции, три освоени топки и две блокади над противникот.
– Вечерва ова беше како во џунгла со зебрите, делфините, мајмуните и пони магарињата. Ова е голема победа за нас, многу важна, сторив се за да победиме и имав посебен мотив зошто да победам овде, порача Матијас Лесор.
Неговите зборови ќе бидат музика за уши за навивачите на Партизан, бидејки тие се уште имаат симпатии кон францускиот кошаркар.