Легендата се враќа дома: Неповторливиот голгетер повторно во Манчестер

Некогашниот репрезентативец на Холандија, Руд Ван Нистелрој, беше посакуван од Барнли како замена за тренерот Венсан Компани, но тој на крајот заврши на друго место во Англија.

Денеска медиумите на Островот потврдија дека Руд Ван Нистелрој се враќа во Манчестер, како дел од стручниот штаб на Ерик Тен Хаг, кој очигледно доби уште една шанса да докаже дека е тренер за Јунајтед.

Своевремено Руд Ван Нистелрој беше омилена фигура кај навивачите, тој за пет сезони престој на Олд Трафорд, постигна 152 погодоци за клубот и остави сериозна трага зад себе.

За холандските медиуми Руд Ван Нистелрој потенцирал дека се враќа во Манчестер и дека понудата воопшто не ја разгледувал, ја прифатил во првата минута од разговорот со Тен Хаг и клубот.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО