Лазаров задоволен од групата и ривалите: Ќе се обидеме да го добиеме и фаворитот!

Македонската репрезентација доби група по мерка во квалификацискиот циклус за пласман на Европското првенство во ракомет.

Нашата репрезентација се најде во групата 1, каде е заедно со фаворитот Словенија, Литванија и Естонија, а по сите слободни проценки, Македонија е фаворит за освојување на второто место кое е посакувано.

Селекторот Лазаров го изрази своето задоволство од добиените ривали и потенцира дека не смее никој да биде потценет.

– Задоволен сум од ждрепката. Мислам дека имаме реални шанси да се пласираме на следното Европско првенство. Не смееме во ниту еден случај да ги потцениме селекциите на Естонија и на Литванија. Додека со Словенците ќе пробаме да издвојуваме барем една победа, знаеме дека се работи за квалитетен национален тим кој што успеа да обезбеди Олимписка виза за Париз 2024 година, порача селекторот Кире Лазаров.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО