Лазаров со првата прозивка ја почнува „операцијата“ – СП 2025

Македонската машка ракометна репрезентација денеска ги започнува подготовките за пласман на Светското првенство 2025 година кое ќе се одржи во Хрватска, Данска и Норвешка. Собирот на нашите репрезентативци е закажан во 16 часот во хотелот „Александар Палас“.

Репрезентацијата на Фарски Острови ни стои на патот до учество на деветтиот Мундијал, некогаш оваа репрезентација ни беше посакуван противник, но по последното Европско првенство видовме дека се работи за репрезентација која има квалитет и мора да се респектира. Првиот бараж меч се игра на 8. мај на гостински терен во Торшавн, додека реваншот е закажан за 12. мај во СЦ „Борис Трајковски“ (19 часот).

Лазаров објави список од 20 имиња, плус седум резерви. Репрезентацијата треба да биде комплетна во недела кога ќе се приклучат Никола Митревски и Филип Талески, кои ќе допатуваат подоцна поради тоа што утре играат дерби меч меѓусебе. Пред овие два бараж дуели, стручниот штаб на нашата селекција е засилен со поранешниот репрезентативец Стојанче Стоилов кој со своето искуство треба да му помага на селекторот Кирил Лазаров.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО