Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, повторно ќе смета на искусното лево крило Дејан Манасков. По подолг период надвор од националниот тим, Манасков се враќа меѓу „црвено-жолтите“ и ќе биде дел од мини подготовките на репрезентацијата.
Македонија ќе одигра два контролни натпревари против Јапонија– првиот на 30 октомври (затворен за јавност), а вториот на 1 ноември во салата „Автокоманда“, со почеток во 16:30 часот.
На поширокиот список се наоѓаат 20 ракометари, а првиот собир е закажан на 27 октомври во хотел Александар Палас во Скопје.
Повратокот на Манасков е добредојден потег за репрезентацијата, која со неговото искуство и квалитет ќе добие дополнителна сила пред претстојните натпревари.