Поранешниот главен уредник на Франс Фудбал Паскал Фере е во голем скандал. Тој е под истрага затоа што добил различни подароци од ПСЖ за да му овозможи на Лионел Меси полесен пат до освојување на Златната топка.
Лионел Меси е осумкратен добитник на Златната топка – наградата за најдобар фудбалер во светот. Аргентинецот е апсолутен рекордер, но има многумина кои сметаат дека легендарниот офанзивец треба да има неколку награди помалку и да ги смета за незаслужени.
Сега името на еден од најдобрите фудбалери во светот се најде во скандалот околу изборите меѓу 2020 и 2021 година. Поранешниот главен уредник на Франс Фудбал, Паскал Фере е под истрага.
Според француски „Монд“, Фере е под истрага за незаконски дејствија при доделувањето на најголемата фудбалска награда. Тој е обвинет дека добивал разни подароци од ПСЖ како главен уредник на Франс Фудбал, весникот што ја доделува Златната топка, за да се „наклони“ во корист на Меси во периодот од 2020 до 2021 година.
ПСЖ е главниот виновник. Раководството на овој тим лобираше кај Фере дека Меси има посебни отстапки во борбата за трофејот и сега поради одредени незаконитости може да се најде во проблем.
Истрагата на француските власти е во тек. Повеќе информации ќе бидат познати во наредниот период, а Фере ќе биде подложен на полициски распит.
Паскал Фере е вработен во ПСЖ од почетокот на 2023 година. Тој стана главен човек за односи со јавноста.