Лапорта не се предава: Се уште сме во игра

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта денеска имаше средба со тренерот Чави и играчите и им даде целосна поддршка по поразот од Реал со 1:4 во финалето на шпанскиот Суперкуп.

-Трите најважни титули во сезоната се уште се во игра: Ла Лига, Копа дел Реј и Лигата на шампионите. Заедно, со моќта на единството, како што вели нашата химна, целите на сезоната се повеќе од остварливи, изјави Лапорта.

Барселона моментално е четврта во Ла Лига со 41 бод, седум помалку од второпласираниот Реал и осум повеќе од Жирона која има меч повеќе.

Во Купот на кралот имаат отворен пат до четврт-финалето бидејќи утре играат против третолигашот Унионијостас, а веќе во осминафиналето ќе биде елиминиран еден од двата главни ривали, бидејќи мадридскиот гигант Атлетико и Реал играат меѓу себе.

Во Лигата на шампионите Барселона на 21 февруари и 12 март во осминафиналето ќе игра против италијанскиот Наполи.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО