Лапорта и Деко го чекаат одговорот на Чави

Вчерашниот пораз во „Ел класико“ им стави крај на надежите на Барселона за враќање во битката за титулата во Ла лига. Минатата недела Каталонците беа елиминирани и од Лигата на шампиони (ЛШ), па на преостанатите шест натпревари до крајот на сезоната им останува борба за задржување на второто место.

Но следниот период ќе биде многу важен за иднината на тимот. Според информациите од Шпанија договорена е средба меѓу Жоан Лапорта, Деко и Чави Ернандез на која се очекува тренерот конечно да соопшти дали ќе замине или има шанса да го исполни договорот што е во сила уште една година.

Чави никогаш не рече дека има намера да ја промени одлуката за заминување што ја објави во јануари. Сепак, Лапорта и Деко се’ уште сакаат поранешниот играч од средниот ред да остане и веруваат дека ќе успеат да го убедат.

Таквата одлука мора да се донесе што е можно поскоро за да има Деко можност да најде нов тренер во случај Чави да одбие да остане. Многу е веројатно дека челниците ќе се решат за Мексиканецот, Рафаел Маркез, кој моментално го предводи вториот тим на Барселона.

Другите две опции се Ханси Флик, кој моментално е слободен и Роберто Де Зерби, за кого би требало да му биде исплатена отштета на Брајтон доколку воопшто се согласи на преселба.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО