Лајпциг оштетен од судиите; Жуниор заслужи исклучување!

Фудбалерот на Лајпциг, Вили Орбан, вели дека играчот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор, требало да биде исклучен на вчерашниот реванш осминафинален меч  во Лигата на шампиони (ЛШ).

Во 55. минута, крилото на Реал Мадрид грубо го фаулира, а потоа и го фати за гуша Орбан! Главниот судија, Италијанецот Давиде Маса му покажа само жолт картон на Бразилецот кој 10-на мунути подоцна го „отвори“ резултатот.

– За жал, судиите немаат муда да исклучуваат такви играчи. Можеше да му го покаже црвениот картон. Тој ме фати со двете раце за вратот. Тоа е непочитување за жртвата!, изјави капитенот на Лајпциг.

Итуралде Гонзалес, поранешен меѓународен судија, а сега судиски стручњак за весникот „Ас“ од Мадрид, тврди:

– Винисиус требаше да биде исклучен затоа што со двете раце го фати противникот за врат… Или можеше да добие и два жолти картона, едниот за прекршокот, а другиот за фаќањето на противникот за врат. Судиите му помогнаа на Реал, истакнува Гонзалес.

Истото го мисли и Црногорецот, Предраг Мијатовиќ, легендата на Реал Мадрид.

– Нема никакво оправдување за тоа што го направи Винисиус. Во ова натпреварување и со носење на дресот на Реал, таквото однесување е недозволиво. Тој така реагираше бидејќи беше немоќен, а фрустрацијата поради лошата игра ја претвори во агресија која тимот можеше да го чини играч помалку, вели Мијатовиќ.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО