Пеп критичен за распоредот, Клоп фокусиран на Спарта

Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, го критикуваше распоредот на натпреварите на неговиот тим.

– Дали треба да зборуваме за можно одложување на натпревари во Премиер лигата? Велат „Плаќаме многу пари, молчи! Понекогаш, кога играте во среда, може потоа да играте веќе во сабота, изјави Гвардиола чиј тим во недела го очекува големото дерби на гости против Ливерпул.

Колегата на Гвардиола, менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп изјави дека воопшто не размислува за претстојниот битен натпревар од 28. коло со Сити.

– Колку што знам, нас не’ очекува натпреварот со Спарта во Лига Европа. Немаше да го освоиме Лига купот, немаше да се квалификуваме во следната рунда од ФА купот и ќе испадневме од Лига Европа ако им дававме приоритет на натпреварувањата, изјави Клоп за официјалната интернет страница на клубот.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО