Двајца навивачи на Брајтон избодени со нож пред мечот со Рома

Двајца навивачи на англискиот клуб Брајтон се во болница во Рим откако биле избодени со нож во пресрет на натпреварот на нивниот тим против Рома, во Лига Европа (ЛЕ).

Според италијанските медиуми, вработен во ресторан во средата по полноќ повикал полиција велејќи дека двајца помлади навивачи дошле таму барајќи помош откако биле избодени со нож во близината.

Двајцата Англичани биле нападнати од група од шест до седум лица со маски во околината на Колосеумот.

Едниот имал три рани на левата надколеница, а другиот бил прободен со нож во десната надколеница, но за среќа повредите не се посериозни. На навивачите им бил украден и ранец во кој имало паричник и документи, соопшти полицијата.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО