Селекторот на женската ракометна репрезентација Кристијан Грчевски е задоволен после мечот со Германија.
„Многу сум горд на моите девојки бидејќи играа добро на овој натпревар. Се справија со голем притисок и дадоа се од себе.
Многу сум задоволен од тоа како играат девојките, бидејќи покажуваме дека имаме потенцијал да играме против секого“, изјави Грчевски после мечот.
Македонија веќе е во Словенија каде на 12. април ќе го одигра последниот меч од овие квалификации, а дали ќе се најде на ЕП ќе биде познато по завршување на истиот.