Квалификации за СП 2026: Јапонија – Северна Кореја 3:0 (службено)

Јапонија го доби квалификацискиот натпревар за Светското првенство (СП) 2026 година со Северна Кореја, што требаше да се одигра во Пјонгчанг, со службени 3:0, соопшти Јапонската фудбалска асоцијација (ЈФА).

ЈФА соопшти дека била информирана од Дисциплинската комисија на ФИФА дека натпреварот го добива со 3:0. Победата значи дека Јапонија оди во третото коло од квалификациите за СП.

ФИФА претходно објави дека натпреварот што требаше да се одигра во вторник, 26 март, не може да се презакаже. Јапонија ја победи Северна Кореја со 1:0 во Токио на 21 март.

– Нормално, не сме задоволни со овој исход и резултат, но ќе продолжиме да ја подобруваме нашата игра на репрезентативните активности во јуни, последниот квалификациски циклус за СП, рече селекторот на Јапонија Хаџиме Моријасу.

Северна Кореја побара натпреварот да се одигра на неутрален терен поради загриженоста од заразни болести во Јапонија.

Јапонските здравствени власти објавија значителен пораст на инфекциите со стрептокока на грлото во средината на март, при што дијагностицираните случаи беа четирипати поголеми отколку последните години.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО