Баер Леверкузен со драматичен кам-бек успеа да го избегне првиот пораз сезонава и да го победи Хофенхајм со 2:1 во 27. коло од германската Бундеслига.
На помалку од пет минути до крајот на мечот се чинеше дека и дојде крај на серијата од 38 натпревари без пораз на „фармацевтите“ кои беа во негатива од 0:1.
Но Роберт Андрих погоди во 88. минута за израмување, за да три минути подоцна, во 91. минута, Патрик Шик да му донесе нова победа на лидерот. кој сега има 13 бода повеќе од Баерн Минхен.
Баер Леверкузен го играше првиот натпревар откако тренерот Чаби Алонсо објави дека ќе остане во клубот и следната сезона, со што стави крај на шпекулациите дека ќе им се приклучи на Ливерпул или Баерн Минхен.
На седум натпревари до крајот на сезоната Баер е на добар пат да ја освои првата лигашка титула во клупската историја.