Екс селекторот на Југославија со анализа колку бил Иванишевиќ сличен со Ѓоковиќ

Новак Ѓоковиќ неодамна ја раскина соработката со Горан Иванишевиќ и во моментот е без тренер, а со денови се шпекулира каде пукнала работата и зошто двајцата се разделија.

Многумина ја потенцираат приказната дека наводно Иванишевиќ поради честите испади на српскиот ас, па дека затоа се разделиле, иако тие се еден од најуспешните тандеми во историјата на тенисот.

Но кога е во прашање пргавоста и темпераментот, ништо подалеку од тоа што е Ѓоковиќ, не беше ни самиот Иванишевиќ во минатото, а за тоа сведочи Радмило Арменулиќ, селекторот на некогашната репрезентација на Југославија.

– Прв пат го приметив Горан на еден јуниорски турнир во Хајделберг, играше лошо, ги кршеше рекетите. Неговата мајка мораше да влегува на терен и да се обиде да го смири на неколку наврати. Меѓутоа, тој за малку и кон неа да се пуштеше во бесот, таков беше, сличен е со Мекинро. Премногу енергија троши на инцидентите, а тоа му правеше пречки на концентрацијата во играта, тврдеше тогаш Радмило Арменулиќ за Горан Иванишевиќ.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО