Кузмановска: Мечувањето во Македонија има добра перспектива

Селекторот на репрезентацијата на Македонија во мечување, Билјана Кузмановска, во гостувањето на програмата на Спортско радио 90,3 ФМ, рече дека е задоволна како се одвиваат работи во овој спорт, посебно од натпреварувачки аспект.

– Ме радува што на неодамнешното првенство во млади категории се појавија нови екипи. Задоволна сум што се зголемува и бројот на девојчиња што се активираат во мечувањето. За да имаме квалитетни мечувалц(к)и ни треба спортска сала. Сега не можеме да монтираме посебна писта пред секој тренинг, тоа е проблем, вели Кузмановска.

Мораме да бидеме задоволни од нашите млади и талентирани мечувалци кои допрва ќе треба да ги покажат квалитетите и во сениорска конкуренција. Како пример, нашиот најдобар кадетски репрезентативец се наоѓа на 101. место на светската ранг листа во многу силна конкуренција.

Во наредните денови засилено ќе се подготвуваме за Европското првенство (ЕП) за кадети и за јуниори кое ќе се одржи 21 до 28 февруари во Италија. Наш најголем адут таму ќе биде Петар Србиновски, нагласи Кузмановска во интервјуто за Спортско радио 90,3 ФМ.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО