Кансело не сака да се врати во Манчестер Сити

Португалскиот фудбалер Жоао Кансело сака и следната сезона да игра за Барселона,
бидејќи не планира да се врати во Манчестер Сити, пренесува британски „Сан“.

Кансело (29) е член на Манчестер Сити, но до крајот на сезоната игра како
позајмен во Барселона.Моментално е еден од најдобрите играчи во каталонскиот клуб.
Британските медиуми пренесуваат дека португалскиот фудбалер е задоволен од статусот
во Барселона и сака да игра за каталонскиот клуб и следната сезона.

Сепак, Манчестер Сити планира на крајот на сезоната да го врати Кансело во Англија,
а потоа да го продаде.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО