Куп на Полска: Второлигашот Висла се заканува со бојкот на финалето?

Полскиот фудбалски второлигаш, Висла Краков се закани дека ќе го бојкотира финалето на националниот куп доколку на нивните навивачи не им биде дозволено да присуствуваат на финалето во Варшава, изјави претседателот на клубот Јарослав Кролевски.

Висла се пласира во финалето со победата над прволигашот Пјаст Гливице со 2:1, но прославата падна во сенка поради забраната за навивачите на клубот од Краков.

Висла заради фрлањето ракети на теренот при поразот во мечот лани од Мотор Лублин, беше казнета со забрана на навивачите да присуствуваат на три натпревари на гости.

Висла сезонава одигра пет натпревари на домашен терен за да стигне до финалето и се’ уште нема отслужено ниту еден натпревар од суспензијата, а во финалето на 2 мај треба да игра против Погон Шчечин во Варшава.

– Висла Краков нема да игра во финалето на националниот стадион доколку нашите навивачи не се појават на трибините. Ако организаторите не можат да ветат безбедност, што би било штета, тогаш ајде натпреварот го играме во Краков, Шчечин или на некое друго место, објави Кролевски на социјалната платформа Х.

Од клубот соопштија дека поднеле жалба до Фудбалскиот сојуз на Полска (ПЗПН). Претседателот на ПЗПН, Цезари Кулежа, рече дека синдикатот „внимателно ќе ја анализира и правично ќе ја оцени жалбата“.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО