Куп на Македонија во одбојка: Први трофеи за Штип УГД и за Струмица жени

Одбојкарите на Штип УГД се освојувачи на 31. Куп на Македонија, за прв пат во клупската историја. Штипјани во финалето, во интересен и неизвесен натпревар, ја совладаа Струмица 47&72 со 3:2 (22:25, 25:22, 19:25, 25:21, 15:13).

На големо задоволство на домашната публика во салата „Јордан Мијалков“, Штип УГД двапати израмнуваше против фаворитот за одбрана на трофејот, Струмица, а потоа го доби решавачкиот, петти сет.

Задмард освои 26 поени, Алексов 21, а двоцифрен број поени, 13, забележа и Абхар. Најефикасен во финалето беше коректорот на Струмица, Омхени со 28 поени, а Офоха со 19 и Хенкс со 14 поени не успеаја да ја го спречат поразот и со тоа да и го донесат седмиот куп пехар по ред на Струмица, 10-ти од 2012 година па досега.

Во женското финале екипата на Струмица жени беше подобра од Јанта волеј, освојувачот на купот во 2021-та, убедливо со 3:0 (25:20, 25:12, 25:14). Струмичанките, исто како и штипјани, го прославија првиот пехар во клупската историја.

За него најмногу продонесоа Здјелар со 15, Шкечиќ со 12 и Хаџитосева со седум поени. Кај Јанта волеј, во седмото финале, Машковска забележа 11, а Бошковска седум поени.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО