Во просториите на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) денеска беа одредени полуфиналните двојки во Купот на Македонија.
Воска ќе игра со „специјалистот“ во најмасовното клупско натпреварување, Македонија Ѓорче Петров, а во второто полуфинале ќе се сретнат Шкупи и Тиквеш.
Првите мечеви ќе се играат на 3-ти, а реваншите се на 17-ти април. Финалето треба да се одигра на 22 мај.