Куп на Африка: Елиминиран уште еден фаворит, Мароко

Репрезентацијата на Јужна Африка се пласира во четвртфиналето на Купот на Африка откако направи големо изненадување и во осминафиналето го совлада Мароко со 2:0.

Пред Мароко од африканскиот шампионат беа елиминирани бранителот на титулата Сенегал и седумкратниот првак Египет.

Мароко, освојувачот на четвртото место на последното Светско првенство (СП) беше фаворит, не само на овој меч, туку и за триумф на турнирот.

Но Мароко, најдоброрангираната африканска репрезентација кај ФИФА, 13-та, ќе мора да почека до следното издание на Купот на Африка во 2025 година на кое ќе биде домаќин, за да го прекине долгото чекање на втората континентална титула, по првата во 1976-та.

Јужна Африка во четвртфиналето ќе игра против Зеленортските Острови, кои во осминафиналето ја победија Мавританија со 1:0.

Меѓу најдобрите осум се пласира и Мали победувајќи ја Буркина Фасо со 2:1. Мали првпат по 2013 година е во четвртфиналето во кое ќе се сретне со домаќинот на шампионатот, Брегот на Слоновата Коска.

Четвртфиналните двојки се: Нигерија – Ангола, Конго – Гвинеја (петок); Јужна Африка – Зеленортски Острови, Мали – Брегот на Слоновата Коска (сабота).

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО