Мануел Нојер го израмни рекордот на Џанлуиџи Буфон по бројот на одиграни натпревари на европските првенства.
Репрезентацијата на Германија на мечот со Унгарија во второто коло на Евро 2024 година го имаше Нојер на голот, со што легендарниот чувар на мрежата на германската репрезентација веќе стигна до мечот бр. 17 за себе на континенталните првенства.
Голманот на германската репрезентација го повтори постигнувањето на Италијанецот Џанлуиџи Буфон кој има исто толку настапу. На вечнаталиста, Роналдо е недопирлив со досега 26 меча на завршниците на ЕП.