Кошарка: Викендов завршница од Купот на Македонија за жени

Викендов во СРЦ „Кале“ во Скопје ќе се одигра финалниот турнир од Купот на Македонија во кошарка за жени, „Благоја Георгиевски-Буштур“.

За победничкиот пехар ќе разигруваат четири екипи, Баскет кам 2011, Крива Паланка, Вардар и МЗТ Скопје Аеродром која го брани победничкиот трофеј освоен лани.

– На ваквите натпревари вообичаено нема фаворити. Но, за мене, сепак прв фаворит е Баскет кам, според она што го прикажува сезонава.Што се однесува до полуфиналниот меч со Вардар, очекувам, пред се’, добра игра.

Сезонава ги победиме двапати по ред, но ќе биде тешко и по трет пат. Повеќе шанси за победа има Вардар, но далеку од тоа дека ние ќе се предадеме. Напротив сакаме да го одбраниме трофејот, изјави Горан Крстевски, тренерот на Аеродром.

Распоред на натпреварите

Полуфинале, сабота, 2 март

Баскет кам 2011 – Крива Паланка (16 часот); Вардар – МЗТ Скопје Аеродром (18.30)

Финале, недела, 3 март (16.15 часот)

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО