Конте како да не може без Серија А: Има договор со Наполи?

Италијанските медиуми пишуваат дека Антонио Конте на крајот од сезоната би можел да го преземе тимот на Наполи.

Конте во ноември минатата година преговараше со челниците на Наполи да го преземе актуелниот шампион, но до договор не дојде.

Раководството на Наполи притоа му врачи отказ на тренерот Руди Гарсија поради лошите резултати, а тренерското столче го презема Валтер Мацари, на кого исто така не му оди баш најдобро.

Медиумите тврдат дека Конте им дал одредено ветување на челниците на клубот од Неапол, дека по завршување на сезоната, е подготвен да го преземе клубот.

Наполи во моментов се наоѓа на 9. позиција на табелата во домашното првенство, имаат дури 20 бодови заостанување зад лидерот Интер.

Конте во моментов е без ангажман, откако на крајот од март 2023 година, заработи отказ во Тотенхем.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО