ПСЖ го враќа Асенсио и тоа во Реал, но не во Мадрид

Фудбалскиот клуб Пари Сен Жермен планира да го испрати шпанскиот репрезентативец Марко Асенсио на позајмица до крајот на сезоната во Реал Сосиедад, објавија шпанските медиуми.

Асенсио (27) минатата година пристигна во ПСЖ од Реал Мадрид, но оваа сезона одигра само 10 натпревари за францускиот шампион и постигна три гола.

Шпанските медиуми пренесуваат дека тренерот на ПСЖ, Луис Енрике не смета на Асенсио до крајот на сезоната, а Реал Сосиедад сака да ја искористи таа ситуација.

Шпанскиот репрезентативец се надева дека ќе има место во стартниот тим во Реал Сосиедад, бидејќи планира да ја задржи добрата форма до почетокот на Европското првенство во Германија.

Покрај Реал Мадрид, Асенсио играше и за Мајорка и Еспањол во Шпанија. За шпанската репрезентација настапи на 38 натпревари и двапати постигна гол.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО