Комплетирани полуфиналните двојки на СП во ватерполо

Репрезентацијата на Франција е последниот полуфиналист на Светското првенство во ватерполо, откако вечерва извојува сензационална победа над Унгарија од 11-10.

До најголемата победа во својата ватерполо историја Франција ја предводеше Томас Верно, кој при резултат 10-10 беше прецизен на три секунди пред крајот на четвртфиналниот дуел во Доха.

Противник на Франција во полуфиналето ќе биде Хрватска, која претходно вечерва ја совлада во четвртфиналето Србија со 15-13.

Втората полуфинална двојка ја сочинуваат Шпанија и Италија.

Шпанците во четвртфиналето беа поуспешни од Црна Гора (15-12), а Италија во драматичен натпревар ја совлада Грција (11-10).

Полуфиналните натпревари на Светското ватерполо првенство се на програмата в четврток.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО