Пред крајот на мечот помеѓу репрезентациите на Шпанија и Мароко, во полуфиналето од Олимписките игри во Париз, се случи една комична ситуација.
Во судиското надополнување, на теренот влета еден навивач кој успеа да им побегне на редарите, па мечот на кратко поради овој пропуст, беше прекинат.
Навивачот кој неколку секунди парадираше низ стадионот, му ја одзема топката на голманот а потоа со неа, ја затресе мрежата, додека обезбедувањето го бркаше по тере.
Меѓутоа, веднаш потоа беше совладан од бројните редари и да биде отстранет, по што натпреварот можеше да продолжи.
Шпанија инаку го совлада Мароко со 2:1 и се пласира во финалето каде ќе се бори за Олимписко злато.
Morocco pitch invader said he will do it himself 😤🤣🤣🤣🤣 pic.twitter.com/uFNCKPqOJs
— Marcus (@Money_Mick210) August 5, 2024