Клоп тврди: Оштетени сме за пенал, тоа беше 100 насто фаул

Јирген Клоп по натпреварот против Сити истакна дека Ливерпул е оштетен за пенал во ова дерби, со кое можеле да направат крупен чекор напред кон титулата.

Ливерпул и Сити одиграа нерешено во крајно интересен и интензивен натпревар (1:1) во натпреварот од 28. коло во Премиер лигата.

– Фантастично дерби, воодушевен сум, според мене, докажавме дека апсолутно сме тука кај што заслужуваме. Ќе се бориме за титулата и ќе видиме што ќе биде до крајот. Мислам дека никогаш не сум го видел Сити вака да се мачи како денеска.

Но Германецот истакна дека веројатно се оштетени за пенал, со кој можеле да го добијат Манчестер сити на крајот.

– Имаше пенал врз нас, 100 насто, тоа беше сигурен фаул врз нас на теренот. Сите луѓе кои го гледаа фаулот верувам дека ќе кажат дека тоа беше пенал. Но верувам дека ќе најдат некое образложение од федерацијата за да кажат дека тоа сепак не било пенал. Се разбира дека тоа беше пенал, но не го добивме и одиме напред, порача Клоп.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО