Клоп му предвиде пораз на Јунајтед во следното дерби: Ако вака играат..

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, очекувано не беше задоволен поради тоа што неговата екипа не победи на Олд Трафорд.

Како и пред три недели во ФА Купот, на истиот стадион, Ливерпул беше подобрата екипа, направи повеќе шанси, беше поблиску до победа, но Јунајтед успеа да освои некако бод.

Германецот смета дека Јунајтед не одиграл ништо спектакуларно и им прогнозира пораз на мечот со Арсенал доколку играат вака како и против нив.

– Арсенал има одлична екипа и доколку Јунајтед игра исто како што играа против нас, ќе загубат во дербито. Јас сум 100% убеден во тоа, жалам што го зборувам ова, но тоа е едноставно факт. Требаше да го добиеме Јунајтед на Олд Трафорд, но не победивме и тоа е само наша вина, порача Јирген Клоп.

Манчестер Јунајтед инаку го пречекува Арсенал на 11. мај.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО