КЛ: Челси со максимален ефект, победа за Николов и Шишко, реми за Чурлинов

Фудбалерите на Челси ја продолжија победничката низа во Конференциската лига на УЕФА, откако во мечот од 4. коло вечерва на гостувањето во Германија со 2:0 славеа над екипата на Хајденхајм.

„Сините“ до победата дојдоа во второто полувреме, кога најпрво Нкунку постигна гол за водство од 1:0 во 51. минута,а потоа Мудрик во 86. минута ги постави и конечните 2:0. Ова беше четврта победа за лондончани со која остануваат на врвот на табелата.

Јагелонија на нашиот Дарко Чурлинов по трите победи, беше за момент запрена во Словенија. Целје одигра 3:3 во меч во кој Полјаците имаа предност, но не успеаја да ја сочуваат. Чурлинов беше стартер на мечот и ги одигра комплетните 90. минути.

Николов и Шишковски со Борац Бањалука со пресврт дојдоа до втората победа откако на домашен терен славеа над ЛАСК со 2:1. Шишковски остана на клупата за резерви, додека Николов беше стартер за Борац.

УЕФА КОНФЕРЕНЦИСКА ЛИГА

4 КОЛО

Астана – Виторија Гимараеш  1:1

Хајденхајм – Челзи 0:2

С. Бриж – Хартс 2:0

Динамо Минск – Копенхаген 1:2

Ноа – Викингур 0:0

Сент Гален – Бачка Топола 2:2 

Борац БЛ – ЛАСК Линц 2:1

Молде – АПОЕЛ Никозија 0:1

Целје – Јагиелонија 3:3

Панатинаикос – Хелсинки 1:0

ТНС – Дјургарден 0:1

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО