Не е крај на лошите вести за Турција – навивачите останаа и без фан-зони за последниот меч

Турција стана првата репрезентација што ги загуби шансите за пласман во нокаут-фазата на Светското првенство 2026, но тука не завршуваат лошите вести за нејзините навивачи.

Во пресрет на последниот натпревар од групната фаза против Парагвај, турските власти наредија итно затворање на сите фан-зони и исклучување на големите видео-бимови во сите 81 провинција во земјата.

Причината за оваа одлука не е поврзана со фудбалот, туку со образованието. Властите стравуваат дека бучавата, прославите и сообраќајниот метеж би можеле да им создадат проблеми на повеќе од 2,4 милиони ученици и студенти кои во истиот период полагаат клучни приемни испити за упис на факултет.

Поради тоа, турските навивачи ќе мора да бараат алтернативни места за да го следат последниот настап на својата репрезентација на Мундијалот.

Иако натпреварот против Парагвај нема резултатско значење за Турција, навивачите се надеваат дека избраниците на Винченцо Монтела ќе успеат достоинствено да се простат од турнирот и барем со победа да го завршат настапот на Светското првенство.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО