„АС“ тврди: Столе Димитриевски се договорил со Валенсија!

Шпанскиот весник „АС“ објави дека голманот на Рајо Валјекано и на македонската фудбалска репрезентација, Столе Димитриевски следната сезона ќе брани за Валенсија.

Во написот се наведува дека Валенсија решила да го продаде својот голман Гиорги Мамардашвили за кого очекува да добие околу 30 милиони евра, па поради тоа клубот бара алтернатива.

Од „АС“ натаму велат дека веќе бил потпишан преддоговор меѓу Валенсија и Димитриевски што би требало да биде официјализиран по 30 јуни кога му завршува договорот на Димитриевски со Рајо.

Постои уште една варијанта, а таа е Димитриевски да остане во Рајо, но за тоа треба да одлучи раководството на оваа екипа.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО